ХОМОЛОГАЦИЈА т.е. Одобрување на единечно возило
1. ЕДИНЕЧНО ОДОБРУВАЊЕ - потребна документација:
- доказ за платени царински давачки
- странска сообраќајна дозвола
- потврда за технички карактеристики на возилото
(од овластен увозник во Р.С.М или од овластен TUV претставник)
- минимум издувна емисија на гасови EURO 4
2. ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ОЦЕНКА - потребна документација:
- доказ за платени царински давачки
- странска сообраќајна дозвола
- сертификат за сообразност од производителот (COC)
- минимум издувна емисија на гасови EURO 4
3. ВОЗИЛА СО МУЗЕЈСКА ВРЕДНОСТ (Old Timer) - потребна документација:
- доказ за платени царински давачки
- странска сообраќајна дозвола
- возилото да е постаро од 35 години
4. МОБИЛНИ МАШИНИ (*дефиниција) - потребна документација:
- доказ за платени царински давачки или
- фактура за набавка на машината
5. УНИКАТНИ ВОЗИЛА (Самоградби) - потребна документација:
- изјава за самостојно изработено возило
- вагарска белешка со измерена сопствена маса на возилото
- по потреба скици и пропратна документација
* Мобилна машина е возило на сопствен погон кое е проектирано и произведено
да изведува специфични работи и кое поради своите конструктивни
карактеристики е погодно за превоз на лица и стоки. Машините поставени на
шасија на моторно возило не се сметаат за мобилни машини.