БЗР   

 

 ОВЛАСТУВАЊЕ

 

ИНФОРМАЦИЈА и ПОНУДА ЗА СОРАБОТКА
во врска со законски обврски што произлегуваат од
Законот за безбедност и здравје при работа

 

Од Законот за безбедност и здравје при работа произлегуваат повеќе обврски што секој работодавач треба да ги исполнува, без разлика на вкупниот број на вработени лица. Исполнувањето на законските обврски работодавачот може да ги спроведе преку превземање на соодветни мерки, а особено насочени кон:

- назначување на едно или повеќе стручни лица за безбедност при работа,

- ангажирање на овластена здравствена установа за вршење стручни задачи за

   здравје при работа,

- донесување на безбедносни мерки против пожар во согласност со посебни

  прописи,

- донесување мерки за прва помош и евакуација во случај на опасност,

- обука на вработените за безбедно извршување на работата врз основа на

  сопствена програма (да има пишани упатства и знаци за БЗР на работното место и на  

  опремата), а се спроведува при вработување, при префрлање на ново работно место,  

  при воведување нова технологија или опрема или при промена на безбедноста на  

  работното место (за работни места со зголемен ризик или зачестени повреди на  

  работниците, обуките се спроведуваат секои 3 години)

- обезбедување опрема за лична заштита за вработените и нејзината употреба

   доколку превземените безбедносни мерки во работната средина не се доволни,

- вршење повремени прегледи и испитување на работната средина (при 

   отпочнување со работа, при промена на технолошки процес, при реконструкција на

   објект или при промена на HVAC опрема) и опрема (пред прва употреба, по

   реконструкција или при преместување на друга локација)

- следење на здравствената состојба на вработените

За сите превземени мерки од страна на работодавачот мора да се води соодветна евиденција која постојано се ажурира. Основен и составен дел од таа евиденција, што треба ТРАЈНО да се чува и ажурира е ИЗЈАВАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ.

За ЛЕСНО исполнување на сите овие, наизглед комплицирани обврски, ние ви нудиме ДВЕ решенија:

  1. Комплетна обука на ваш вработен за стручно извршување на работите за безбедност при работа, со менторство при полагање на стручниот испит за безбедност при работа
  2. Склучување на договор со нашата компанија за вршење на стручни работи за безбедност при работа, со овластување од страна на Министерството за труд и социјалана политика

Ви стоиме на располагање за реализација на било кое од двете предложени решенија што водат кон исполнување на вашите законски обврски и што е уште поважно, кон БЕЗБЕДНИ, ЗДРАВИ и ЗАДОВОЛНИ вработени!